Андреску доживеа триумф, па им се извини на навивачите на Вилјамс

Деветнаесет годишната Канаѓанка синоќа стигна до првиот трофеј на Грен слем турнирите.

459
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Канаѓанката со романско потекло Бјанка Андреску во обраќањето до присутните на финалето на УС опен им се извини за победатата над домашната тенисерка Серена Вилијамс.

– Работев многу напорно за овој момент. Оваа година моите соништа се остварија. Добив можност да играм против Серена, вистинската легенда на спортот. Беше неверојатно.Не беше лесно. Знам дека сакавте Серена да победи, па се извинувам. Серена има постигнато многу во минатото, таа е вистински шампион, а јас само се обидов да ја покажам мојата најдобра игра – изјави Андреску.

Деветнаесет годишната Канаѓанка синоќа стигна до првиот трофеј на Грен слем турнирите.

ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...