Нови седум случаи на заразени со коронавирус во Србија

218

Во Србија се потврдени уште седум случаи на заразени со новиот коронавирус, со што се зголеми бројот на заразените на 12, соопшти утрово Министерството за здравство.

Од последниот извештај, во 18 часот синоќа до 8 часот утрово, тестирани се примероци од 13 лица, од кои седум се позитивни и шест негативни за новиот коронавирус.

Вкупно 130 лица се тестирани во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак, која ги исполнува критериумите за дефинирање на заболени од тој вирус.

Од седумте нови случаи, пет се поврзани со две жени за кои се покажа дека се позитивни по директен контакт со државјанин на странска земја додека останатите два случаи беа потврдени по нивни престој и контакти со лица во странство – во Италија и Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...