Сончево и топло со температура до 17 стeпени

98
20151002 Friday 1411 toplo vreme soncevo vreme sonce esen park

Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степена, а дневната температура од седум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно, суво и потопло, особено топло ќе биде во четврток и во петок. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела и во понеделник ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...