На Попова Шапка 20 сантиметри снег, во Маврово седум

520

На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.

Најстудено, пак, утрово е во Крушево, Крива Паланка, Берово и Маврово со -2 степена, а најтопло во Гевгели и Дојра каде што се измерени пет степени.

Времето денеска ќе биде умерено облачно, повеќе облачност ќе има во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периди и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...