Чешки навивач нокаутиран откако скандирал „Косово е Србија“

Препукувањата и пресметките помеѓу Чесите и Косоварите траат неколку денови, а вчера во Приштина беше уапсена една навивачка на Чешка која сакала да пушти дрон на стадионот со српско знаме и натпис „Косово е Србија“, но била спречена од полицијата.

3572

 

Пред квалификацискиот меч меѓу Косово и Чешка вчера во Приштина се случија повеќе инциденти меѓу навивачите на двете екипи. Во едниот од нив настрада постар чешки навивач.

Нападот на домашните навивачи e снимен и поставен на фејсбук.

Според информацијата објавена во медиумите неголку фанови на Косово во Приштина го пресретнале навивачот на Чешка кој извикувал „Косово е Србија“, го претепале и избегале.

Препукувањата и пресметките помеѓу Чесите и Косоварите траат неколку денови, а вчера во Приштина беше уапсена една навивачка на Чешка која сакала да пушти дрон на стадионот со српско знаме и натпис „Косово е Србија“, но била спречена од полицијата.

Мечот заврши со победа на Косово со 2-1 ја победи Чешка. Косово освои три бода во борбата за пласман на Европското првенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...