Mбапе тестиран за коронавирус

110
ФОТО: EPA / TOLGA BOZOGLU

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е тестиран за коронавирус. Според „TФ1“, резултатот е негативен.

Два дена стрелецот се жали на настинка, има болки во грлото и не тренираше. Според „Екип“, симптомите на Мбапе не биле како за носител на КОВИД-19, но во секој случај, лекарите одлучиле да проверат.

Многу е веројатно дека светскиот шампион нема да учествува во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во среда од 21 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...