Гвардиола: Нема смисла да се игра пред празни трибини

126

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, зеде став во однос на натпреварите кои се играат без публика заради коронавирусот. Опасноста од тоа да се случи во Англија постојано се зголемува.

– Загрижени сме затоа што тоа веќе се случи во Италија – првенството е прекинато. Во Шпанија ќе играат во следните 2 или 3 недели пред празни трибини. Мислам дека тоа ќе се случи и тука. Друго прашање е дали треба да размислиме далиимасмисла даиграме без навивачи. Причината што го правиме ова е поради фановите. Ако луѓето не можат да дојдат да ги гледаат натпреварите, нема никаква логика – рече Пеп.

Манчестер Сити во среда (11.03) ќе го одигра одложениот натпревар со Арсенал, за викендот има дуел со Барнли, а следната недела (во вторник – 17.03) важниот реванш против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...