Хурем и Џерард Батлер во прегратка: Емотивна средба во Берлин ФОТО

Мерјем и Џерард присуствувале во саботата на отворањето на 70. Берлински филмски фестивал.

1931

Турската актерка Мерием Узерли светската слава ја обезбеди преку улогата на султанката Хурем во серијата „Сулејман Величенствениот“. Поради големите емотивни случувања во нејзиниот живот, таа извесно време се повлече и одлучи повеќе време да посвети себеси и на својата ќерка Лара.

Убавата Мерјем неодамна го промовираше својот нов филм „The Hive“, а според информациите од светските медиуми, ќе се појави и во една мексиканска теленовела.

На својот Инстаграм-профил таа објави фотографија со холивудскиот заводник Џерард Батлер.

„Ти си прекрасно човечко суштество“, напиша таа во описот на фотографијата.

Мерјем и Џерард присуствувале во саботата на отворањето на 70. Берлински филмски фестивал, како и на фестивалската забава, каде што и настанала оваа фотографија. Од сите страни пристигнуваат коментари на нејзините обожаватели воодушевени што токму него го „уловила“  убавата актерка.

Сепак, Џерард е во врска со Морган Браун, но, судејќи по фотографиите и натписите во светските медиуми, актерот не ѝ баш верен на својата избраничка. Холивудскиот заводник неколкупати ја раскина врската со Морган, а причината беше неговото неверство.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...