„Шрапнел“ – нов роман на Игор Анѓелков

40

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави романот „Шрапнел“ од Игор Анѓелков, негов трет роман во кој низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното. Романот е 181 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на „Или-Или“.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал Медиуми и комуникации на Правниот факултет при Универзитетот  на УКИМ. Повеќе години е активен во периодиката со критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста.

Првото книжевно дело го објави во 2006 година – збирката раскази „Кротки приказни“, потоа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“. Анѓелков има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Филмски град“ (2018).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...