Коронавирусот ги одложува „Крал Иби“, „Странци“ и „Фестен“ во Драмски театар

65

Драмскиот театар во Скопје го продолжува прекинот на репертоарот до 13 март.

Како што соопшти утрово, ваквата одлука е донесена по препорака на Владата која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи ограничувањето на јавните собири и настани.

Граѓаните кои купиле билети ќе може да ги заменат за друга претстава или ако сакаат, парите ќе им бидат вратени.

За 10, 11 и 12 март на репертоарот беа „Крал Иби“, „Странци“ и „Фестен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...