Двајца скопјани повредени во пукотница

1299

Двајца скопјани се повредени од огнено оружје во пукотница на улицата „Ферид Бајрам“, потврди МВР.

Синоќа 20 минути по полноќ во полиција било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ биле слушнати истрели од огнено оружје.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А.(29) и С.Р.(35), двајцата од Скопје, биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С.(33) од Скопје.

Повредените биле пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...