Ристовски: Враќањето во Вардар нема врска со политиката

542
Фото: EPA/Ali Haider
Фото: EPA/Ali Haider

„Враќањето нема врска со политиката бидјеќи јас не сум политичар“.

Ова го изјави репрезентативниот голман, Борко Ристовски на прес-конференцијата по повод неговото потпишување со ракометниот клуб Вардар.

– Единствената причина поради која влегов во политиката е да му помогнам на спортот – изјави Ристовски денеска.

Откако го раскина договорот со португалска Бенфика, тој избра да се пресели во европскиот шампион иако помалата финансиска понуда. За него бил заинтересиран и германски Рајн-Некар Левен.

Тој додаде дека не знае што ќе биде понатаму со екипата и како ќе се одвиваат работите.

– Во овој момент знам дека ситуацијата лоша. Имам информации дека некои средства се влезени во клубот, меѓутоа не можам да кажам што точно ќе се случува – посочи тој.

За Ристовски ова ќе биде трет пат како ќе го облече „црвено-црниот“ дрес, откако претходно го носеше од 2001 – 2003-та, а потоа од 2010 – 2012 година.

Фото: EPA/Ali Haider

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...