Двајцата дебрани од вечерва на Инфективна, 40 сопатници ќе се испитуваат

Двајцата сопружници на возраст од 62 и 68 години од Дебар, кои попладнево беше утврдено дека се заболени од коронавирус, од Италија во Македонија стасале во автобус на 27 февруари.

549

Двајцата сопружници на возраст од 62 и 68 години од Дебар, кои попладнево беше утврдено дека се заболени од коронавирус, од Бреша, Северна Италија во Македонија стасале во автобус на 27 февруари.

Патниците се со лесна клиничка слика и во стабилна состојба, изјави министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес-конференција.

Тие првпат на матичен лекар се јавиле 2 март, но тој не препознал индикации и ги пратил на домашно лекување.

– Денеска се јавиле во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар, и била поставена индикацијата согласно симптомите коишто се развиле во текот на вчерашниот ден. Дома тие имале контакт само со братот на заболената дебарка – рече министерот за здравство.

Тие од Италија до Македонија со автобус со 40 луѓе, од кои некои се симнале во Куманово, во Скопје и во Дебар.

– Во соработка со МВР веќе се најдени имињата и матичните броеви на сите патници од автобусот. Вечерва по индентификувањето и лоцирање, ќе се постапи бидат со соодветни мерки согласно нивната здравствена состојба и а по анализа на нивните контаки – рече Филипче.

Тој рече дека најголем ризик постои за патниците во трите реда пред и зад заболената брачна двојка.

Вечерва со специјален транспорт, заболените ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...