Најдобрата поранешна сопруга: Како Џенифер Гарнер му ја спасила кариерата на Бен Афлек

Која друга би направила сѐ што може за да ја спаси кариерата на поранешниот сопруг кој отишол на рехабилитација?

1879

Џенифер Гарнер би можела да биде прогласена за најдобра поранешна сопруга. Која друга би направила сѐ што може за да ја спаси кариерата на поранешниот сопруг кој отишол на рехабилитација поради зависности?

Џенифер Гарнер му се јавила на режисерот на филмот „The way back“ О’Конор, за да биде сигурна дека Афлек нема да ја загуби својата улога поради рехабилитацијата, бидејќи знаела колку ја сака.

– Само што почнавме да се подготвуваме за филмот, тој повторно почна да пие – рекол О’Конор и објаснил дека тогаш повторно завршил на одвикнување и не знаел што се случува со филмот.

„Студиото го сметаше проектот за готов, а потоа ми се јави Џенифер, неговата поранешна сопруга и ми кажа дека на лекувањето понел топка“, објаснил тој и рекол дека го замолила да не се откаже од филмот, бидејќи Афлек навистина сака да биде дел од тоа.

Џенифер кога отишла на посета кај Бен му објаснила дека мора да се собере, што тој и го направил. Но, сепак, прашање е на време до кога ќе го поддржува и ќе му ја спасува работата и кариерата, пишува британскиот „Метро“.

.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...