Уапсиле бабичка на нејзиниот 100-ти роденден ФОТО

Се покажало дека станува збор за шега, бидејќи Рут Брајант отсекогаш сакала да биде уапсена и тие ѝ ја исполниле желбата на нејзиниот роденден.

927

За својот јубилеен 100- ти роденден, Американка сакала да доживее апсење првпат во животот, а таа желба ѝ се исполнила кога во вторникот била приведена од полициските службеници и потоа е однесена во затвор.

Наместо да јаде торта со нејзините пензионирани пријателки, бабичката била однесена во затвор со лисици на рацете, пренесува „Њујорк пост“.

Сепак, се покажало дека станува збор за шега, бидејќи Рут Брајант отсекогаш сакала да биде уапсена и тие ѝ ја исполниле желбата на нејзиниот роденден. Исто такво е и кривичното дело за кое се товари – егзибиционизам во локална пожарникарска станица.

Според локалниот весник „Куриер тајмс“, старицата се мачела за да излезе од возилото.

Ја качиле во полициско возило и со сирените ја однеле во затворот во округ во Северна Каролина. Притоа, таа се побунила и им предложила на полицајците дека ќе биде подобро да ги стават во затвор производителите на „проклетите седишта“!

– Сите треба да бидат уапсени – рекла бабичката.

Откако ја одвеле во станицата во полициски автомобил и со лисици на рацете, тие ѝ отвориле досие со фотографии и отпечатоци од прсти. Старицата потоа била вратена во нејзиниот дом на вистинската роденденска прослава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...