Ѕвездата на ТВ-серијата „Династија“ и „Мелроуз плејс“, 56-годишната Хедер Локлир е уапсена поради семејна насилство и напад на службено лице.
Според медиумските написи, полицајците биле повикани во неделата вечер во калифорнискиот дом на актерката Хедер Локлир откако нејзиниот брат, влегувајќи во домот, ја затекнал славната сестра во физичка пресметка со маж. Тој веднаш повикал 911, но за жал, ситуацијата не се смирила ни откако дошле полицајците и ги раздвоиле. Пропадната ѕвезда потоа дивјачки ги нападнала и полицајците, на кои ништо друго не им преостанало туку да ја совладаат и да ја стават на задното седиште на полицискиот автомобил.
Тепачка со средношколската љубов
Извор за американскиот портал ТМЗ рекол дека станува збор за Криос Хеисер, нејзината средношколска љубов со кого, според неговите зборови, и порано влегувала во конфликт. Анонимниот извор открил дека апсолутен неред настанал кога полицајците и соопштиле на Хедер дека мора да ја приведат. Во рок од секунда актерката експлодирала и нападнала дури тројца полицајци. Тие на крај морале да и стават лисици и да ја однесат во болница на понатамошни анализи.
Со влегувањето во калифорнискиот дом на актерката, полициските сили откриле дека идентификуваниот маж имал видливи повреди по телото. Во обид да ја смират 56-годишната актерка и возењето во притвор, ѕвездата на култната „Династија“ физички насрнала на полицајците.
По инцидентот, Хедер е однесена во болница на евалуација, а потоа била префрлена во затвор под обвиненија за семејно насилство и напад на службено лице. Со плаќањето на кауцијата, 56-годишната Хедер е пуштена на слобода.
Актерката последните месеци на Инстаграм често објавуваше фотографии од својот нов избраник, а пред само неколку дена и фотографии во Бостон со домашниот миленик.
Инаку, ова не е првпат дивата актерка да има проблеми со законот. Во еден случај полицајците ја уапсија како вози пијана, а еднаш упаднаа во нејзината куќа на дојавата дека сака да изврши самоубиство. Хедер долга низа години се бори со зависност од алкохол и разни дроги.
Два пропаднати брака
Ѕвездата на „Династија“ и „Мелроуз плејс“ два пати беше во брак. Прво со Томи Ли, тапанарот на бендот „Мотли кру“ и поранешен сопруг а Памела Андерсон, а потоа со Ричи Сомбора, гитаристот на бендот „Бон Џоуви“ со кого беше во брак од 1994. до 2007 година и со кого ја има 20-годишната ќерка Ава.