Влада: „Мерцедесот“ се продава оти е симбол на арчење на пари на народот

94

Владата на вчерашната седница донесе одлука да го продаде „мерцедесот“ за чија набавка се водат судски процеси.

Блендираниот „мерцедес“ е симбол на нерационално трошење на парите на граѓани од едно време што сакаме да го оставиме зад нас, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа, зошто Владата решила да го продава ова возило.

На прашањето како сега ќе се обезбедуваат високи фукнционери и странски гости, Бошњаковски рече дека делегации и високите гости ќе бидат обезбедувани на највисоко ниво, како и досега, но како што рече, за вакви прашања не може да се разговара на прес- коференции.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да го продаде мерцедесот за чија набавка се водат судски процеси во кои се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...