Богоев денеска се дружеше со социјално загрозените и со повозрасните карпошци

87

Треба да се покаже почит и разбирање кон овие наши сограѓани, не само денеска туку во текот на целата година, рече градоначалникот на Карпош.

По повод празникот „Св.Трифун“ и Денот на љубовта кој се празнува на меѓународно ниво, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска се дружеше со дел од повозрасните и социјално загрозени лица од Општината.

Примарната цел е да се покаже почит и разбирање кон овие наши сограѓани, не само денеска туку во текот на целата година преку низа проекти и активности, рече Богоев.

Градоначалникот на Карпош ги поздрави присутните карпошани и им ги честиташе двата празника. Тој одговараше и на дел од нивните прашања кои се однесуваа на секојдневието, работата на локалната самоуправа и новите проекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...