Сопствениците на галијата го демантираат Шилегов: Не сме добиле решение за работа

721

Компнијата „Фаланга-Херонеа“ го демантира скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека добиле решение за работа. Компанијата е сопствнеик на галијата, за која денеска Шилегов рече дека се создадени правни услови за нејзинот отстранување. Тој даде и рок до сопственикот да ја отстрани сам во наредните 30 дена.

– Во 2016 година заради изградба на Панорамското тркало, движењето на градежната механизација, бучава, прашина, ни беше оневозможено да ја вршиме нашата основна дејност. Веднаш побаравме да прекинеме со работа и да не плаќаме закупнина до завршување на изградбата кога би можеле нормално да продолжиме со работа.
Нашата компанија до овој момент нема добиено никакво решение дека треба да продолжиме со работа како што тврди градоначалникот дека се случило во 2018 година. Доколку сме добиле такво решение ние ќе сме го почитувале.
Оваа денешна пресс конференција ја сметаме за политички мотивирана постапка во функција на престојните избори. Ние ќе ги превземеме сите правни мерки за заштита на интересите на нашата компанија, реагира компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...