Родители на ученици од „Братство“ во паника, лекарката смирува дека немала контакт со директорката од кожно кога им предавала

4961

Родители чии деца учат во основното училиште „Братство“ се во паника бидејќи докторка од Клиниката за кожни болести минатата недела држела предавање во училиштето. За да се спречи паника Општина Карпш на фејсбук ја објави интегрално изјавата на докторката Кујтиме Мехмети, која смирува и вели дека не била изложена на близок контакт со директорката на Клиниката, која е заразена од коронавирусот откако престојувала во Италија.

„Јас д-р.Кујтиме Мехмети вработена во Клиниката за Дерматологија во моментот сум во добра општа здравствена состојба, без никакви симптоми и сум во домашна изолација 14 дена, како и сите останати вработени во Клиника за дерматологија. Предавањето во ООУ „Братство” го одржав на ден 03.03.2020 (вторник).

Во понеделник, 02.03.2020 со директорката на Клиниката за Дерматологија не сум била во близок контакт. Во вторник директно отидов во ООУ „Братство”, каде и предавав за договореното предавање, па потоа отидов на работа.

Имајќи предвид дека во понеделник не сум била во близок контакт со диркторката на Клиника за дерматологија, според протоколот: Категории на ризик според експозиција поврзана со меѓународни патувања, или контакт со потврден случај, спаѓам во група на низок ризик!

Ниво на ризик
Географска експозиција (Патници):
Експозиција на контакти со потврден случај
НИСКО
(претпоставува дека не постои тип на експозиција во категоријата на висок или среден ризик!)
Патници кои доаѓаат од: земји каде има поединечни случаи
Случаен контакт со потврден случај:
Лице кое имало контакт со случај на растојание поголемо од 2 метри или пократко од 15 минути

Лице кое било во затворена просторија со случај (на пр. училница, сала за состаноци, чекална во болница, автобус, итн.) на растојание поголемо од 2 метри и пократко од 15 минути

Сопатник кои седи на растојание поголемо од два реда во било која насока

Јавно здравствени мерки при ниско ниво на ризик : Следење на симптомиВо случај на симптоми:

Само изолација и се јавува телефонски на здравствени служби според препораки за патници.
1. Дневно само-мерење на температура и следење на симптоми
2. Одржување на социјална дистанца
3. Во случај на симптоми се јавува телефонски на здравствени служби според препораки за патници

Жалам за настанатата состојба, ве разбирам за загриженоста бидејќи и јас ќе реагирав на ист начин. Верувајте дека ако имав и најмала информација дека сум била во контакт со особа која е заболена, немаше да дојдам на предавањето и истото ќе го откажев“, се вели во писмото на докторката  Мехмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...