Вардар со реми против Висла ја заврши групната фаза во ЛШ

456

Вардар директно се пласираше во четврт-финалето на лигата на шампионите, а на последниот меч од групната фаза на домашен терен ремизиравме со Висла, 31-31 (16-16).

„Црвено-црните„ има шанса и да победат, но во последните секунди ударот на капитенот Стоилов го одбрани гостинскиот голман Марчин Вичари.

Резултатот во целиот тек беше изедначен, во второто полувреме Вардар дојде до највисоки три разлика, но Висла брзо се врати. Во драматичната завршница нашиот тим водеше, противникот израмнуваше, во последните секунди Стоилов имаше зицер за победа, но слично како на Европското првенство во Хрватска го промаши.

Лука Циндриќ со седум гола беше најефикасен во составот на Вардар, Игор Карачиќ постигна шест. Кај Висла одличен беше Дуарте со десет гола од 11 шута.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...