Ракометарките на Вардар на домашен терен го совладаа германски Битигхајм со 30:22 и со оваа победа го обезбедија првото место во групата.
Македонскиот шампион, иако беше фаворит на средбата, во првиот дел на натпреварот не можеше лесно резултатски да се одлепи и да си обезбеди рутински тек на мечот.
Но победата на Вардар во ниту еден момент не беше ставена под знак прашалник, па на полувремето „црвено-црните“ заминаа со позитива од 13:8.
Во вториот дел вардарки во 37. минута поведоа со највисоки 18:11, а пред стартот на последните десет минути имаа шанса да за водство со двоцифрена разлика, но не искористија неколку напади.
Амандин Лејно одбрани неколку напади, а Андреа Лекиќ беше најефикасна со осум погодоци.
Вардар на последниот натпревар од главната фаза гостува кај Будуќност.
Фото: Клуб Вардар