Светскиот рекордер во спринт Усеин Болт само шест месеци откако се повлече од атлетиката ќе започне фудбалска кариера.
Спринтерот од Јамајка преку Твитер профилот објави дека утре утре ќе соопшти со кој фудбалски клуб договорил соработка.
„Го потпишав договорот. Се ќе биде познато во вторник“, напиша Болт.
Освојувачот на осум златни медали на Олимпијадите, претходно изјави дека имал шанси да дојде на тест во 12 екипи, а минатиот март бил на проба во Борусија од Дортмунд.
Болт се понуди да игра за Манчестер Јунајтед чиј голем фан е, како и за новиот клуб на Дејвид Бекам – Мајами.