УЕФА го казни „Вардар“ со 30.000 евра

„Вардар“ е казнет поради користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

219

УЕФА го казни македонскиот шампион Вардар со 30.000 евра поради „користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација“ на мечот од шестото коло од групната фаза во Лига Европа (ЛЕ) против Розенборг, одигран на 7. декември.

Тоа беше последниот натпревар на „црвено-црните“ од групната фаза од ЛЕ, кога го освоија и првиот бод (1:1).

Оваа е третата казна за Вардар сезонава, откако платија повеќе од 100 илјади евра за казни во еврпската централа во Нион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...