Таравари остана без надлежност да разрешува и именува директори во училиштата

114

Министерството за образование вчера донело решение со кое на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари му ги одзеде надлежностите во образованието, во делот на разрешување и именување на директори на основни училишта, рече министерката за образование Рената Дескоска, одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците, на седницата за собраниски прашања.

Според решението на МОН, Таравари идните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори на основни училишта во Општина Гостивар.

Министерката рече дека решението за одземање на надлежноста на градоначалникот Таравари доаѓа по проверките на Државниот просветен инспекторат, бидејќи градоначалникот разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка. Дескоска рече и дека се поништени сите решенија на Таравари за разрешување и именување на директори во училиштата во Гостивар.

Пратеникот Рашиди ја праша министерката дали се точни информациите дека гостиварскиот градоначалник ќе остане без надлежност во сферата на образованието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...