Шилегов на пресот со Каминис се обрати на грчки и доби аплауз ВИДЕО

102

Двајцата градоначалници повикаа на зближување, со цел полесно да се надминат сите проблеми.

Во грчката престолнина започна заедничката прес-конференција на градоначалниците на Скопје и Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, јавува „Слободен печат“.

Градоначалникот на Скопје на присутните им се обрати на грчки јазик, по што доби силен аплауз на отворената сцена. Натаму, обраќањето продолжи на англиски јазик.

На оваа прес-конференција ќе се зборува за отворените прашања помеѓу двете соседни држави и важноста на нивното брзо решавање.

Претходно, двајцата градоначалници повикаа на зближување, со цел полесно да се надминат сите проблеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...