Латас не дојде, се одложи рочиштето за „Тотал“

114

Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника.

Новинарот Драган Павловски Латас кој е осомничен за даночно затајување во предметот на СЈО „Тотал“, како што информираше неговата одбрана, поради семејни и семејни причини не присуствуваше на денешното рочиште.

Одбраната на Латас за неговата неможност да присуствува, пред Судот достави доказ од клиника.

Судијката Славица Наумова Јосифовска поради немање услови главната расправа ја одложи за 30 март.

Специјалниот јавен обвинител Љубомир Лате побара од Судот да бидат утврдени и дополнителни нови рочишта, за како што рече полесно организирање по случајот, за што Судот закажа судење на 11 и 23 април.

Новинарот Драган Павловски-Латас е осомничен за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје и се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...