Шарапова ја прекина соработката со Свен Греневелд

346

Марија Шарапова ја прекина соработката со холандскиот стручњак Свен Греневелд, откако руската тенисерка беше елиминирана уште во првото коло на Индијан Велс.

Лошиот старт на Мастерсот, кој за Шарапова заврши со пораз од јапонката Наоми Осаке, беше доволна причина за прекин на соработката која траеше повеќе од четири години.

– Му благодарам на Свен за лојалноста, работната етика и најважно од се пријателството, кое се надевам дека ќе продолжи и понатаму, стои во соопштението од Шарапова.

Руската тенисерка и Свен Греневелд соработката ја почнаа во 2014 година, а таа во меѓувреме освои седум трофеи, вклучително и Ролан Гарос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...