Ременски: За амандманите за јазикот ќе се бара решение во Уставот и Деловникот

189
Сите дебати за тоа како да се постапи по над 30.000 амандмани за Законот за јазиците треба да се одвиваат во рамки на уставните надлежности на Собранието, од една страна, и да се почитуваат надлежностите на самото Собрание преку обврските што ги има согласно деловникот и Уставот, изјави денеска потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски.
– Тоа знали дека Законот за јазиците е донесен во Собранието на Република Македонија, сите спорни одредби што предизвикаа јавна дебата и можност за укажување од страна на други органи ќе бидат предмет на разгледување на Венецијанската комисија, но повторно ќе истакнам сите натамошни постапки треба да се одиваат во согласност со Уставот и деловникот. Од друга страна да не се создаде и блокада на Собранието и да се испочитува демократската процедура и правото на пратениците да предлагаат амандмани – истакна Ташевска Ременски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Собранието.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...