ССМ бара заштита на работниците од студениот бран

100

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение побара заштита на работниците од студениот бран и почитување на препораките од Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови.

„ССМ бара работодавачите да водат грижа за безбедноста и здравјето при работа на работниците и за таа цел, согласно препораките, да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, а за работниците коишто работат на отворено, се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час, во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...