Откако претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека нема да го потпише указот за Законот за употреба на јазици, премиерот на Албанија Еди Рама го прозва по македонскиот претседател преку објава на социјалните мрежи, пренесуваат албанските медиуми.
,,Г. Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов“, напишал Рама на Фејсбук.
ФОТО: EPA/Pawel Supernak