Околу 800 терористи од Западен Балкан се бореле за ИД

Во Европска унија има 30.000 потенцијални терористи, истакна директорот на Европол, Роб Вајнрајт.

155

Директорот на Европол, Роб Вајнрајт, денеска изјави дека околу 800 лица од Западен Балкан се бореле на страната на Исламска држава во Сирија и во Ирак.

– Во Европска унија има 30.000 потенцијални терористи – истакна тој на отворањето на состанокот на Европол, што се одржува во рамките на бугарското претседавање со Советот на Европска унија во Софија.

Тој предупреди дека Бугарија и другите европски држави се под закана на тероризам.

– Главната опасност за Европа е експанзијата на терористички активности, како и кибер заканата и криминалните групи кои постојат во некои држави. Се надевам дека заканите ќе се намалат, но во многу земји радикализираните групи се прилично активни и ние ги зајакнавме капацитетите и им отежнавме да терористите да ги извршуваат своите активности – посочи Вајнрајт.

Европол минатата година спроведе околу 1.600 акции.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...