Oблачно со дожд и јужен ветер

199

Времето претпладне во земјава ќе биде облачно, а попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1 степен, а дневната од 6 до 17 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 15 степени.

И во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...