Берлускони ја остави 34-годишната девојка за уште помлада ФОТО

Неговата партија Форца Италија ја соопшти веста, истакнувајќи дека 83-годишниот милијардер и манекенката „ќе останат пријатели“.

870

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони повеќе не е во врска со 34-годишната Франческа Паскале, откако ја напушти по 12-годишна врска.

Берлускони, познат по сексуалните испади на славните „бунга бунга“ забави, официјално се разделил со партнерката, за да се гледа со жена која е 54 години помлада од него.

Неговата партија Форца Италија ја соопшти веста, истакнувајќи дека 83-годишниот милијардер и Паскале „ќе останат пријатели“.

Берлускони паднал на шармот на манекенката Марта Фачина, која има 29 години и е пратеник на неговата партија. Папараците неодамна обелодениле фотографии од новиот љубовен пар како излегува од еден хотел во Швајцарија, при што новата девојка го носи и кучето Дуду кое ѝ припаѓало на Франческа Паскале.

– Ме возбудува кога гледам како пратеничка го шета моето куче. Јас немам проблем со тоа – рече Паскале.

Франческа Паскале, кое во интервју откри дека бара секој ден Берлускони да ја запроси, била „шокирана“ од објавата на Форца Италија, пренесува „Ла Република“.

– Ќе го задржам во моето срце засекогаш. Му посакувам среќа и се надевам дека ќе најде некој да го следи начинот на кој се грижев за него – изјавила Паскале.

Италијанските таблоиди претходно пренеле дека манекенката Паскале имала обичај да спие кај Берлускони, за веднаш да му биде достапна на работните состаноци.

Франческа Паскале живее во луксузна вила која и ја купил токму Берлускони.

Уште во 2014 година, италијанските медиуми се забавуваа со информациите дека Паскале купила венчаница за да го прослави разводот на Берлускони од втората сопруга Вероника Ларио по 19 години брак. Ларио и Берлускони имаат три деца.

Двапати разведениот медиумски магнат, кој доминира во италијанската политика повеќе од 20 години и покрај низата сексуални скандали, серијата гафови и најразлични правни проблеми, беше осуден во 2013 година на седум години затвор за познатата афера „Бунга бунга“. Тогаш беше осуден за плаќање секс на малолетната 17-годишна Руби Рубакуора, иако пресудата подоцна беше поништена.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...