Нов триумф на Шифрин во Офтершванг

133

Американската скијачка Михаела Шифрин, само по еден ден откако ја обезбеди својата втора титула во генерален пласман од Светскиот куп, се врати на највисокото место на подиумот со 11-та победа во сезоната на слаломот во Офтершванг.

Шифрин победи со време од 1:49.10 и беше девет стотинки побрза од Венди Холденер.  Трета беше Фрида Хансдотер.

Американката сега има 623 поени пред Холденер во генералниот пласман, додека на второто место во слаломот е Петра Влхова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...