Независни Грци и Нова демократија ги осудија заканите до Коѕијас

216

Коалицискиот партнер во грчката Влада, Независни Грци и опозициската партија Нова демократија, преку соопштенија ги осудуваат заканите упатени до шефот на грчката дипломатија, јави дописникот на МИА од Атина.

– Заканувачкиот допис со куршум упатено до министерот за надворешни работи е дело со терористички карактер, а Независни Грци го осудуваат на најкатегоричен начин. Очигледно, тие се исто така кривично казниви. Овие постапки во суштина се насочени против демократијата, која сите ние сме должни да ја заштитиме – вели портпаролката на Независни Грци, Мадалена Пападопулу.

Од опозициската партија пак, ја повикуваат владата веднаш да го расчисти случајот.

„Нова демократија на најнедвосмислен начин ја осудува заканувачката постапка врз министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и ја повикува владата веднаш да го расчисти овој неприфатлив инцидент“, соопштуваат од грчката опозициска партија.

Со свој став, преку неговиот Твитер профил излезе и одговорниот за надворешна политика во Нова демократија. Јоргос Кумуцакос ги осудува заканите и вели дека заканите од секаков вид „се симптоми на болна демократија“.

Коѕијас во пресрет на претстојната посета на Скопје, добил анонимно предупредувачко писмо со куршум. Во предупредувачкото писмото било наведено дека куршумот е поради неговата улога во тековните преговори за „македонското прашање“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...