Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

147

Речиси и да нема ден, а да нема некој скандал приреден од владата. Граѓаните се чуствуваат неспокојни и свесен сум дека таа несигурност ги обесхрабрува и удира по нивното достоинство. Последниот таков чин, беше рушењето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Ќосето. Можете да замислите каква е таа политика на омраза со која се посега по рушење на паметници на револуционери само затоа што не се изградени од актуелната власт. Омраза која што заслепува, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Рушењето на споменици, секако не е активност со која се занимава една просперитетна влада чии погледи се кон иднината, тоа е чин кој го практикуваат ретроградни сили, како ИСИС во Сирија и талибанците во Авганистан. Ако тоа е нивниот репер, тоа не е примерот кој го сакаат и почитуваат македонските граѓани. Сѐ што е изградено е направено да им служи на македонските граѓани. Секој паметник останува за историјата и е израз на почит кон личностите кои оставиле трага, а работата на историчарите е да ја оценуваат и вреднуваат нивната улога. Ние не смееме да станеме држава која се срами и ги нагрдува своите херои. Јас одбивам да ги споделувам таквите вредности. Едно е сигурно, ќе дојде ден овој споменик да биде поставен на местото на кое што заслужува, а исто така ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ќе се срамат за своите постапки и во тоа ве уверувам – рече тој.

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...