Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

205
20151014 Wednesday 1347 Pregovori klub na pretenici rabotni grupi rabotna grupa vlatko gorchev gorcev vmro

Пратеникот Владимир Ѓорчев се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Тој објаснил дека се повлекува од функцијата поради голем обем на обврски и презафатеност.

– Извршниот комитет на негово место за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија го назначи Драган Данев, додека за негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев – соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој информираше и дека се формирани 25 комисии на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе области на кои што „примарна цел ќе биде да бидат коректор на власта и да даваат предлози, а истовремено и критики во однос на работењето и во однос на тоа како треба да се подобри животниот стандард на граѓаните.

Како што соопшти Јанушев, комисијата за финансии и монетарни прашања ќе ја предводи екс министерот Кирил Миноски, за локална самоуправа поранешниот градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, претседател на комисијата за семејни прашања и демографија ќе биде Владимир Ѓорчев, комисијата за политички систем ќе ја предводи Тања Каракамишева – Јовановска, комисијата за здравство докторот Виктор Камилоски, комисијата за култура ќе ја води актерот Роберт Вељановски, а комисија за енергетика професорот Горан Чогеља.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...