Полицијата во Лос Анџелес 12 дена трага по 25-годишната Адеа Шабани, студентка од Македонија, која исчезнала во Холивуд на 23 февруари, објавија американските медуми.
Семејството нуди награда од 25.000 долари за корисна информација за нејзино пронаоѓање.
Девојката последен пат била видена во 11 часот утрината на 23 февруари во близина на својот дом. Нејзиното семејство најмило приватен детектив.
Американските медиуми пренесуваат дека Шабани студирала глума и дека живеела во Лос Анџелес две години.
– Немаме докази дека таа избегала. Немаме докази што укажуваат на тоа дека сакала сама да се повреди – изјавил детективот Џајден Брант.