Нови 60 дена за преиспитување на 31 ДУП во општина Центар

175
20150818 Tuesday 1127 opstina centar

Советот на општина Центар, со мнозинство гласови ја усвои одлуката за запирање на спроведувањето на 31 детален урбанистички план.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против иако дискутираа дека не се противат на преиспитување на ДУП-те.

Со одлуката, нема да се постапува по ново поднесените барања со кои отпочнува управна постапка за издавање одобренија за подготвителни работи и постапките за издавање одобренија за градење, доградба и надградба.

Одлуката ја предложи градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. Дуповите кои што се донесени главно во времето кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ, и дел од нив се носеа во ноќните часови, не се целосно изработени според законските обврски и правила и се појавуваат недостатоци во урбанистичко планската документација која не е во согласност со Генералниот урбанистички план.

– Тие ДУП-ве се носени на јуриш и тоа во декември 2012 пред да биде донесен Генералниот урбанистички план – рече градоначалникот Богдановиќ.

„Претходно донесениот Мораториум е краток за да се направи анализа на Деталните урбанистички планови и да се овозможи законитост во постапувањето, правна сигурност на жителите на општина Центар, а особено поради неопходната потреба за усогласување на планската документација со законските обврски и фактичката состојба“, сe naveduva во образложението.

При носењето на ДУП-те се водело главно грижа за потреби и интереси на поединци, , а не се водело сметка за хуманиот аспект на живеење: зеленило, паркинг, изградба на неопходни јавни, образовни и културни установи.

Рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучување на јавноста во постапката за донесување на планската документација ќе бидат основни принципи по кои ќе постапува општина Центар при изготвување на новите Детални урбанистички планови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...