Јувентус со 2:1 го победи Тотенхем во Лондон во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите и со вкупни 4:3 обезбеди пласман меѓу најдобрите осум во Европа.
Тотенхем во првите 60 минути доминираше, а Сон беше прецизен во 39. минута и им донесе водство на домаќините од 1:0.
Иако изгледаше дека домаќинот има контролата на теренот , Јувентус успеа во само неколку минути за да направи целосен пресврт .
Прво Игуаин во 64. минута постигна гол за изедначување на 1:1, а Дибала во 67. минута беше прецизен за водство на Јувентус од 2:1.
Тотенхем потоа се обидуваше да напаѓа до крајот на натпреварот, но не можеше да се консолидира.
Поради ремито од 2:2 во Торино, на „старата дама“ и беа потребни два гола за да оди понатаму.
Во вториот меч, Манчестер Сити загуби на свој терен од Базел со 2:1, но Англичаните одат понатаму благодарение на убедливата победа од 4:0 на првата средба.
Сити поведе со гол на Габриел Жесус уште во осмата минута, но Елонузи и Ланг реализираа за победа на Базел од 2:1.
ФОТО: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA