Нема точни датуми кога земјите од Западен Балкан ќе се приклучат кон ЕУ, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент во Стразбур.
– Пред две недели го посетив регионот. Бев погоден од страста за ЕУ. Тоа ми донесе нова верба дека ако овој драматичен регион е толку решен да се промени фундаментално, тој мора да биде дел од ЕУ. Би сакал таква верба да видам и во 27-те земји на ЕУ, изјави Јункер.
Тој потенцираше дека пред да станат дел од ЕУ, земјите од Западен Балкан имаат многу работа – да се решат сите билатерални спорови, да постигнат поголемо единство, реформи во сферата на владеењето на правото… Не постои покус пат за прием во ЕУ, бидејќи содржината е пред брзината. Нема прецизни рокови, но убеден сум дека со Западен Балкан ќе имаме заедничка иднина, истакна Јункер на пленарната седница на Европраламентот во Стразбур.