Изненадување во ЛШ: Севиља го елиминираше Манчестер Јунајтед

467

Севиљја го направи најголемото изненадување во досегашната фаза од осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите и го елиминираше фаворизираниот Манчестер јунајтед.

Гостите на реванш натпреварот на „Олд трафорд“ извојуваа победа од 2:1 (првиот меч во Шпанија заврши без голови) и сосема заслужено се меѓу најдобрите осум екипи во Европа, за прв пат по точно 60 години.

Севиља ја имаше контролата над топката во поголемиот дел на натпреварот и изгради многу повеќе шанси да го загрози голот на Јунајтед.

Херој на Шпанците беше напаѓачот Бен Једер кој влезе во 72 минута и само по две минути донесе водство од 1:0. Стрелец на вториот гол повторно беше Бен Једер во 78 минута. Јунајтед  преку Лукаку намали на конечни 2:1.

На вториот осминафинален натпревар Рома со минималниот триумф над Шахтјор си обезбеди место во следната фаза.

Рома со голот на Џеко славеше со 1:0, иако на првиот натпревар во Украина беше поразена со 2:1. Благодарение на голот постигнат на гостински терен Рома се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа.

Жрепката за четвртфиналната фаза ќе се одржи во петок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...