И нема да разберам, ни тад…

Кога јас би бил министер во МВР, сето ова би го подложил на прецизна истрага за да докажам дека мојата службеничка самата се удрила во Пајакот, ама дека за тоа била испровоцирана, принудена, од политичкиот чауш натрапник.

1643
Не запињам како некогаш да ја пронајдам заедничката логика во истите интереси помеѓу човечката и политичката логичност, или, помеѓу вистината и правдата. Напротив. Разбрав дека помеѓу овие две логичности секогаш има дијаметрални недоразбирања или разбирања кои апла и од прва те тераат на отворена конфронтација, прво, со најсочните псовки, па тупаници во вис, па клоци, па…

Токму тука се соочувам со безбрoј контрадикторности кои ме упатуваат на моето незнаење, а нивно знаење, на моето непознавање, а нивно познавање, мојата неинформираност, наспрам нивната изворна информираност, и ме тераат да се соочам со мојата апсолутна плиткост, наивност, пацерство, да си ја признаам глупавоста, заради која не можам да го пронајдам одговорот на прашањето: зошто, бе, не можам да ги разберам политичарите и судиите?

Мене, на пример, не ми требаше пенкало за да го рушам апашот од тронот на мојата држава, туку булдожер. Го фатив на дело. Мене не ми требаа преговори со криминалецот за да ја договорам неговата потенцијална казна. Мене не ми требаат специјални судови и судии, после сѐ што слушнав во бомбите за да докажувам дека тие се криминалци, дрчни арамии, апаши на сопствениот народ, за да ги прогласам за виновни. Не. За мене тие се тоа што се. Злостори на мојот народ. Не ми требаат докази дека некои се обидувале да сокријат убиство на плоштад, ниту за оние нарачатели на немилосрдни апсења, минирања, притвори и затвори, милионски провизии, за уништување на лични и семејни судбини, за безброј трагедии, за да ја докажувам нивната вина. Не. Тие се виновни, и ќе останат виновни и тогаш, кога ќе бидат прогласени за такви а осудени со условни казни од судовите и судиите со кои никогаш нема да можам да се разберам…

Законите велеле дека и најголемиот злосторник на светот заслужува фер судење и право на одбрана и правичност. Па што? Кој вели да не му ја дозволите таа законска шанса? Кој ве сопира во правото на обвинетиот да не му дозволите да се брани? Дозволете му, бре. Дозволете му сѐ што ви дозволува законот, ама, не судете му за да ме направите будала, пизда ли вам лепа материна. Убивал, пљачкал државни пари, се изживувал врз граѓани, кроел семејни и бизнис судбини, за на крај, заради законите, кој, тебе, бе, судија, ти дозволуваат да ја донесеш конечната пресуда само според нив не и според човечноста во тебе, заради тоа што тој/таа го признале делото, му пресудуваш условна казна на злосторот. Бравос…

Се удрила самата од Пајакот!?! Еве, нека биде и таа изјава вистинита, нека е баш така како што полицајката изјавила пред министерот, за да се избегне смешноста во глупавоста мерена на мојот ОЛИ-метар за глупавост, (според Оливер Андонов), кога јас би бил министер во МВР, сето ова би го подложил на прецизна истрага за да докажам дека мојата службеничка самата се удрила во Пајакот, ама дека за тоа била испровоцирана, принудена, од политичкиот чауш натрапник, дека таа тоа во ниту еден друг случај претходно не го сторила, а има многу такви примери. Дури и полицајката ќе ја убедам дека во изнуденото признание, тоа нејзино самоударање било заради предизвиканиот хаос од вербалниот конфликт со функционерот, и заради ништо друго. Само да ја докажам промената на логиката на човечноста која почнува да владее заедно со принципите во политиката. И би најавил кривична пријава против функционерот. Ама не е така како што вели мојата логика, мојата човечност. Јас не ги разбирам работите, јебига…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...