„Волшебниот компас“ од Сашо Огненовски на српски јазик

Ова е прв превод на негови пиеси на српски јазик и промоцијата на српскиот превод е планирана за почетокот на април во Белград.

170

Книгата со детски пиеси „Волшебниот компас“ од Сашо Огненовски неодамна излезез од печат.Во неа се поместени пет детски пиеси – Новогодишни забуни, Новогодишна вртелешка, Обична бајка, Новогодишен споменар и Волшебниот компас. Пиесите беа поствувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти.

Македонската верзија е издадена во две книги во 2002 и 2011 година како независни изданија. Сашо Огненовски е актер и писател. Досега издал три книги поезија, две пиеси за возрасни и две книги пиеси за деца. Ова е прв превод на негови пиеси на српски јазик. Промоцијата на српскиот превод е планирана за почетокот на април во Белград.

Огненовски е роден во 1964 година во Битола. Во 1987 година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, на отсекот за Драмски актери. Во 2002 година магистрира на Институтот за Социолошки и Политичко-Правни Истражувања во Скопје на отсекот за Комуникации и медиуми, а во 2017 година докторира на Институтот за комуникации и медиуми при правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Работел како актер во Народниот театар од Битола и како Стручен соработник на Педгошкиот факултет во Битола, а и како професор на Славјанскиот Универзитет.
Досега ги објавил книгите поезија „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“, (2104) и „Пустински цвет“ (2015), книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011), монографијата „Ацо Ѓорчев – актерска легенда“ и книгата со драми „Тврдина“ (2016) која неодамна излезе од печат и на англиски јазик. Преведувал од англиски и српски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски и анлиски јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...