Корона од директорка

3852

Како и да заврши ова со корона вирусот (можеме само да се надеваме дека ќе е добро) едно е сигурно, не сме спремни. Ни како држава, ни како луѓе. Не е то само менталитет и колку и да сакаме да нема во ова политика, нормално дека има.

30 години овој систем е уништуван. Од сите кои можеле да дојдат до функција, до директорско место, до власт. Немаме персонал, ги обезвреднија докторите, најголем дел заминаа странство, другите работат во импровизирани услови затоа што имаат недостаток на материјали, лоши услови по болници, слабо се платени. Наместо болници се крадеше, се местеа тендери, доктори дури и опремија клиники со донации за државни болници, се градеа споменици и глупости. Сега дојде време за да се плати цехот. И пак ќе го платиме ние, граѓаните или народот како ви е мило.

Не е ни менталитетот крив. Од разрушена земја без ништо после војна се развивме, градевме, даваме самопридонес за општо добро. После дојдоа поединци по општото добро. Станавме себични, уплашени, апатични, без осет за другите. “Ми е гајле, не е на татко ми ова” е симптом на ова сиромашно и материјално и духовно општество. Општество кое е жртва на поедници и групации, кои имаат имиња. Не нѝ е гајле за воздух, ѓубре, јавни површини зошто би било поинаку за општо здравје? Ова до кај сме доведени уште еднаш ќе го плаќаме ние…

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...