МИОА: КСС е единствен синдикат кој не го разбира концептот на премин од јавен во приватен сектор

„Трансферот сѐ уште не е отпочнат ни конкретно предвиден процес, а за утврдување на условите и начинот на којшто ќе се спроведува се разговара со сите засегнати страни, вклучително и со синдикатите за што КСС се свесни и се во тек. Разговорите ќе продолжат да бидат инклузивни и одлуката ќе се донеси заеднички.Трансферот ќе биде исклучиво доброволен процес, никој вработен нема да биде принуден на тоа“, појаснуваат од МИОА.

196
20150911 Friday 0943 ministerstvo za informaticko opstestvo i administracija

Раководството на Конфедерација на слободни синдикати, повторно покажа дека  голем дел од процесите за премин на административците од јавен во приватен сектор не ги разбира иако беше вклучен во консултациите во креирањето на политиките, реагира  Министерството за информатичко општество и администрација по прес конференцијата на КСС.

„Обвинувањата дека анкетните листови се користат како механизам за притисоци и уцени се во најмала рака нелогични, затоа што анкетнниот лист е менаџерска алатка за општимизација на кадри за ефективна и професионална јавна администрација, и не се поврзани со вработувањата во јавната администрација. Анкетниот лист не е дискреционо право на раководителот и тој не може паушално и самоволно да го пополнува. На тој процес секако претходи спроведена функционална анализа и годишно планирање за вработување“, се вели во реакцијата.

Од МИОА додаваат дека, со оглед на предизборниот период, сите можности за казни, трансфери, награди… не се активни, што значи дека ова обвинување за притисоци и закани не може никако да се поткрепи со примери од секојдневното работење на институциите.Дополнително, зборуваат за поврзаност на трансферот од јавен во приватен сектор со наводни постапки за дисциплински престап, кои секако се забранети во овој период.

„Трансферот сѐ уште не е отпочнат ни конкретно предвиден процес, а за утврдување на условите и начинот на којшто ќе се спроведува се разговара со сите засегнати страни, вклучително и со синдикатите за што КСС се свесни и се во тек. Разговорите ќе продолжат да бидат инклузивни и одлуката ќе се донеси заеднички.
Трансферот ќе биде исклучиво доброволен процес, никој вработен нема да биде принуден на тоа“, појаснуваат од МИОА.

Оттаму додаваат и дека КСС, очигледно е единствен синдикат што е против покачување на платите на вработените во јавната администрација, но и во другите сектори, па ги критикува и последните потпишани колективни договори.

„Јасно е дека обвинувањата кои не се основани и поткрепени со конкретни докази и примери се само дел од политизирањето на процесот од страна на КСС во овој предизборен период“, стои во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...