Првата пациентка со коронавирус утре излегува од клиника?

Утре поминува 14-дневниот карантин на нејзините сопатници. Ќе се направи клинички преглед и интервју со епидемиолозите и ќе се одлучи дали ќе се направи тестирање или ќе се продолжи мерката за изолација - изјави министерот.

821

Дали првата заболена пациентка од коронавирусот ќе може да се отпушти дома од Инфективната клиника ќе покаже контролниот тест, а за патниците кои заедно со неа се враќале од Италија ќе биде решено ќе бидат ли и натаму во самоизолација или ќе смеат да се движат меѓу луѓе. Ним утре им завршува 14-дневниот карантин.

– Денеска или во текот на утрешниот ден ќе се направи контролниот тест на првата пациентката со коронавирус, па ќе знаеме во кој момент ќе биде пуштена од Инфективната клиника. Утре поминува 14-дневниот карантин на нејзините сопатници. Ќе се направи клинички преглед и интервју со епидемиолозите и врз основа на тие  податоци ќе се одлучи дали ќе се направи тестирање или ќе се продолжи мерката за изолација, согласно за нивната здравствена состојба. Уште еднаш упатувам смирувачка порака – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информираше и дека вчера е прогласена црвена зона во 14 провинции на Ломбардија.

– Сите тие мерки за изолација важат за сите луѓе коишто се затекнати, без разлика дали се жители или се државјани на други земји, што значи дека на нив им е забрането патувањето – рече Филипче.

Од вчера авиокомпанијата Wizz Air ги суспендираше сите летови со ризичните региони во Северна Италија.

– Утрово испративме и барање до Стопанска комора за информација од секторот туризам, дали се очекува и дали имало организирани патувања за празникот и доколку имало кои се тие агенции, кога ги очекуваат да се вратат патниците со цел да знаеме претходно пред да се појават на граничните премини – додаде министерот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...