Дебитант на местото на Нејмар во нападот на Бразил против Германија и Русија

233

Селекторот на Бразил, Тите го објави проширениот состав за претстојните контролни натпревари со Русија (23 март) и Германија (27 март) и го вклучи, по првпат напаѓачот на Реал Сосиедад Вилиан Жозе, кој треба да го замени повредениот Нејмар.

Во нападот на Селесао се повикани уште Фирмино (Ливерпул), Габриел Жезус (Манчестер Сити) и Тајсон (Шахтјор Доњецк).

Голманот на Валенсија, Нето, ќе се врати во тимот првпат од 2015 година.

Проширен состав на Бразил за пријателските мечеви со Русија и Германија:

Голмани: Алисон, Едерсон, Нето

Одбрана: Даниел Алвеш, Вагнер, Марсело, Филипе Луис, Миранда, Маркињос, Тиаго Силва, Жеромел, Родриго Кајо

Среден ред: Каземиро, Фернандињо, Паулињо, Фред, Ренато Аугусто, Кутињо, Талиска, Вилиан

Напаѓачи: Фирмино, Габриел Жезус, Тајсон, Вилиан Жозе.

Фото: EPA/Javier Etxezarreta

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...