Град како лешник во Куманово, пороен дожд и силни грмежи

842

Пороен дожд и град го зафати Куманово вечерва пред 20 часот. Невремето беше проследено со силни електрични празнења и грмежи, а град со големина на лешник врнеше во поширокото централно градско подрачје.

Од регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека големи количини вода се слеваат на булеварот „Октомвриска револуција“. Информацијата ја потврдија и одговорните од ЈП „Водовод“ чии екипи се на терен.

Најкритично според директорот на „Водовод“, Горан Стојковски е на најниските точки во градот булеварот „Октомвриска револуција“ и „Никола Тесла“.

– Екипите се на терен и ги отвараат шахтите за атмосферска канализација -вели Стојковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...